Општина Ѓорче Петров особено внимание посветува на инклузијата на децата во сите сфери и активно работиме во насока на рамноправност. Инклузивниот концепт на образование има висока позиција во светот, а децата со атипичен развој се вклучени во образовниот процес, спортот, културата.
По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром и Денот на пролетта, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствуваше на настан на стадионот „Млади лавови“ каде деца со типичен и атипичен развој од училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“ – одделенска настава заеднички учествуваа во интерактивни игри.
-Децата ги препознаваат вистинските вредности и преку вакви игри учат да споделуваат и да се почитуваат, без разлика на различностите меѓу нив. Остануваме фокусирани на иклузијата преку разни стратегии и форми и активно работење со децата со атипичен развој – рече Стојкоски.