По повод 77-тиот роденден на Црвениот крст беа наградени наши сограѓани, херои и крводарители Вице Столески за мотиватор во крводарителство, Тони Трајковски за 75 пати дарување крв и Дамир Смајловиќ за 100 дарувања.
-Ѓорче Петров е препознатливо по хуманоста. Во повеќе наврати заедно со Црвениот крст организиравме крводарителски акции и заеднички настани преку кои помогнавме каде што е неопходно, но и активно работевме на покренување на свеста. Особено сум горд што со Црвениот крст веќе имаме воспоставено одлична и препознатлива соработка, но и што постојат вакви луѓе кои треба да бидат пример – рече градоначалникот Александар Стојкоски по средбата.
На состанокот се разговараше и во насока на организација на нови настани, со акцент на децата кои сакаме да ги насочиме да размислуваат и делуваат хумано.
-Динамиката на настани на оваа хумана организација е веќе воспоставена, а на нивната агенда е и Ѓорче Петров. Општината останува активен партнер во реализација на настаните – додаде Стојкоски.