Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски оствари средба со командирот на полициската станица-Ѓорче Петров, Златко Цветковиќ и полициски службеници од Одделението за превенција-Скопје.

-Безбедноста на моите сограѓани е приоритет и заедно со полицијата активно работиме на подобрување на состојбите. Особено важно е заеднички да бидеме постојано достапни за граѓаните. Во таа насока на состанокот се дискутираше за отворање центар за превенција и одржување средби на граѓаните со чуварите на редот на подрачјето на Ѓорче Петров и ажурирање членови за локален совет за превенција – рече Стојкоски.

Како што нагласи, стана збор и за координирање во однос на преземањето мерки и активности со цел подобрување на општата безбедност на територија на општината.

Share