Општина Ѓорче Петров продолжува активно со расчистување диви депонии на територија на населбата.
Расчистена е дива депонија во урбаниот дел на ул.„Наум Чакаров“. Одведени се 50м3 разновиден отпад.
Апелираме внимателно при фрлање смет и да се почитуваат местата означени за таа намена. Заеднички да влијаеме на подобрување на состојбите во еколошката сфера и животната средина.