Општина Ѓорче Петров преку донации обезбеди 80 пакети со прехранбени и хигиенски производи кои денеска беа поделени во Центарот за култура на социјално-ранливи категории.
-Празниците се можност да ги израдуваме нашите сограѓани на кои им е неопходна материјална помош. Голема благодарност до компаниите “Тинекс”, “Стокомак”, “Сељ Ис” и “Жито маркети” кои повторно ни излегоа во пресрет и ги обезбедија пакетите.
Последната недела од старата година ја стартувавме со хуманитарен настан – рече градоначалникот Александар Стојкоски кој присуствуваше на настанот.
Еден од нашите приоритети, нагласи, останува социјалата и подобрување на условите за живот на повеќе категории од оваа сфера, а во рамки на нашите ингеренции.