Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и претседателот на Советот, Ленче Нелоска ги посетија штитениците од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”-Неготино со седиште во Волково за каде општината обезбеди донации-покуќнина и прехранбени продукти.

Стојкоски и Нелоска учествуваа во една од нивните активности-ликовна колонија.

-Задоволство е да се помине утрото со овие лица на кои малку им е потребно за среќа.

Овој центар е многу посветен на својата работа. Ќе работиме заеднички во иднина на повеќе проекти, со акцент на подигнување на свеста за животната средина, менување на навиките за чистотата и едукација за селекција на отпад – рече Стојкоски.

Новогодишните празници, додаде, се можност да подаруваме и да си помагаме. Градоначалникот упати голема благодарност до „Стружанка“ и општествено одговорни компании што излегоа во пресрет во однос на донациите кои беа поделени во центарот.

Share