Општина Ѓорче Петров во посредство со општествено одговорната компанија „Центро унион“ обезбеди инвертер-клима што во овие зимски денови ќе му служи на семејството за загревање на просторијата во која денот го поминуваат двајцата браќа Зоран и Стефан кои боледуваат од церебрална парализа.  

-Празничните денови се одлична можност да овозможиме подобри денови за наши сограѓани. Во рамки на своите можности и во иднина ќе продолжиме да делуваме во насока на подобрување на условите за живот на социјално ранливи категории од Ѓорче Петров – рече градоначалникот Александар Стојкоски .

Градоначалникот изрази благодарност до нашиот бренд за донацијата. Стојкоски ги повика компаниите кои имаат можности на вакви начини да излегуваат во пресрет и заеднички да делуваме онаму каде што е неопходно. 

Share