Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска оствари средба со раководството на ЈП „Лајка“ во врска со критичните точки низ населбата каде се групираат улични кучиња и се опасност за безбедноста на граѓаните.
Како што беше договорено со в.д. директорот Воислав Димитровски ќе се спроведе акција за заловување и стерилизација на повеќе локации.
-Свесен сум за проблемот, особено појавата на кучиња пред и во дворовите на училиштата. Во таа насока со в.д.директорот договоривме да организираме серија настани и презентации во образовните институции што во иднина ќе помогнат од едукативен аспект – рече Стојкоски.
Со надлежните институции, додаде, заеднички ќе продолжиме да работиме во оваа насока, а ќе се вклучиме и во националната стратегија иницирана од ЈП „Лајка“ која е во план да се активира.
-Во меѓувреме, апелирам да се внимава и да не им се фрла храна на животните во училишните дворови каде се движат децата – додаде Стојкоски.