Со стартот на мандатот, градоначалникот Александар Стојкоски донесе одлука секој последен четврток во месецот да се одржува приемен ден за граѓаните во просториите на општина Ѓорче Петров.
-Нема успех, без да се чуе сечиј предлог и проблем. Ако делуваме заедно, се поддржуваме и критикуваме ќе можеме да се корегираме и да помогнеме за Ѓорче да биде модерно, урбано и хумано. Нема совршенство, но веќе се трудиме брзо и ефикасно да постапуваме, со трајни решенија – нагласи Стојкоски на првиот приемен ден.
Градоначалникот подвлече дека нема поголем приоритет од жителите на општината и оти така ќе остане и во наредните години.