Здружението на пензионери „Ѓорче Петров“ ја доби годишната награда во општината Ѓорче Петров

Денешното празнување на празникот на општината Ѓорче Петров започна со ученичкиот крос на основните училишта од општината. Градоначалникот Сокол Митровски ги додели медалите на најуспешните тројца ученици кои први стигнаа до целта. Победник на овогодинешниот традиционален ученички крос е Никола Павлески од ООУ „ Ѓорче Петров.  Втор на целта пристигна Марио Станишиќ од ООУ „ Јоаким Крчоски“, а бронзениот медал го освои Александар Петковски од ООУ „ Димитар Поп Георгиев Беровски“.

Свежо цвеќе пред споменикот на револуционерот Ѓорче Петров положија бројни делегации од општината меѓу кои: Делегација предводена од Градоначалникот Сокол Митровски, делегација од Советот на општината предводена од Претседателот Гоце Петровски, делегации на урбаните и месни заедници, политички партии, основни училишта, градинката „Росица“ како и бројни граѓани на општината. Свежо цвеќе положија  и Делегации од збратимените општини Поважска Бистрица од Р. Словачка, Красна Пољана од Р. Бугарија и Осечина од Р. Србија.

„Центарот за култура“  беше збирно место каде што се одржа свечена седница на советот на општина Ѓорче Петров.   По долгогодишна меѓународна соработка, општината Ѓорче Петров и општината Осечина потпишаа Меморандум за збратимување со што ја официјализираа нивната успешна соработка. Првенецот на генерација Матеа Симоновска од ОУ „Јоаким Крчоски“ за учебната 2009/2017 година  се здоби со Плакета, додека  Здружението на пензионери-Ѓорче Петров  ја доби Овогодинешната плакета за Општинската награда за посебен придонес и афирмирање на општината .вработените кои во општината поминале 20, 15 и 10 години од својот работен стаж и на „новопечени“ пензионери.

Наградата за истакнат педагошки работник за учебната 2016-2017 година Градоначалникот Митровски ја додели на Анкица Спасова наставник по математика во ООУ „ Тихомир Милошевски“. Посебно признание општината додели на Александар Матовски-Цако за високи достигнувања на државно и меѓународно ниво во областа на спортот , културата и инклузијата на лица со посебни потреби во општествениот и социјалниот живот.