Завршена реконструкцијата на салата во „Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски“

Општина Ѓорче Петров ја заврши реконструкцијата на спортската сала во училиштето „Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски“. Со ова, учениците добиваат пристојни услови за извршување на спортските активности и часовите по физичко образование. Продолжуваме и во иднина интензивно да работиме на развој и унапредување на спортот и образованието во нашата општина.