Започнаа работите на санирање на ударните дупки на улиците во Општина Ѓорче Петров

Општината Ѓорче Петров започна со акцијата за крпење на ударните дупки и прекопи на улиците и булеварите во централното градско јадро  и населените места во руралниот дел од општината. Ќе бидат санирани сите ударни дупки кои се увидени по направената инспекција од страна на инспекторите од секторот за урбанизам, но и по пријави на граѓаните кои сами писмено интервенирале во општината.

Со планот за работа опфатени се повеќе од педесетина улици  каде е неопходна санација. Според предвидената динамика, крпењето на ударните дупки кое веќе е во тек треба да траe до крајот на месец јули. Изведувач на градежните активности за санација на ударните дупки е градежната фирма Битем- Скопје, а за оваа намена одвоени се два милиони денари  од општинскиот буџет. Со завршувањето на работите видно ќе се подобри сообраќајниот режим.