Врвен спорт

-Ракометен клуб “Кометал Ѓорче Петров” 

Ракометниот клуб Ѓорче Петров е основан во 1979 година.
Искачувањето на европскиот врв почнува по влегувањето на Кометал трејд управуван од Македонецот Трифун Костовски.
Неговите најголемите успеси се во Лигата на Шампионите каде досега играше двапати во финале, а во 2002 година го освои големиот трофеј на ЕХФ. Еднаш триумфираше во Суперкупот 2003 и Интерконтиненталниот куп во Јоханесбург 1994 година.
   

-Фудбалски клуб “Македонија” 

Фудбалот спаѓа меѓу најстарите спортови во Ѓорче Петров. За време на Кралството  Југославија постоел фудбалски клуб ,,ХАШК’’  кој што сменил неколку имиња: од ,,Победа’’, “Индустријалец” – Ѓорче Петров, “Локомотива”, “Рудар”, а најдолго го задржува името ,,Југококта’’ – Ѓорче Петров.

По осамостојувањето на Р. Македонија во 1991 год. фудбалскиот клуб Југококта го добива името ,,Македонија’’ -Ѓорче Петров, како што се вика и ден денес и се натпреварува во првата Македонска лига.