Воведуваме социјална патролна служба

Ве известуваме дека сите социјално загрозени лица или семејства од Ѓорче Петров, кои се наоѓаат во ризик како што се сиромаштија, социјална исклученост, неписменост, се жртви на семејно насилство или бездомници, може да остават контакт-телефон во месна или урбана заедница, за да им излеземе во пресрет. Идејата е општината на овој начин колку може повеќе да им помогне во решавање на проблемите и потребите на овие категории. Во тој контекст, во општина Ѓорче Петров почна да работи патролна служба, која после собраните податоци, на терен ќе ги посети овие лица и ќе им даде соодветна помош. На фотографијата е список на урбани и месни заедници и контакт броеви на кои граѓаните може да пријават социјален ризик.