Водици 2018

Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека општина Ѓорче Петров во петок (19.01.2018) со осветување на водите на реките Лепенец и Вардар, ќе го одбележи големиот христијански празник-Водици. Во 11 часот крстот ќе се фрла во водите на реката Лепенец, поточно на последната станица на автобусот со број “22 “во Волково, додека во 12 часот чинот ќе се одржи на “Железничкиот мост” во населбата Хром.