Во Ѓорче се спортува Забавните фудбалски школи по 16-ти пат ги соединија најмладите генерации

Отворената забавна фудбалска школа „Ѓорче Петров“ се одржа по 16-ти пат во Општина Ѓорче Петров. Спортски тимски дух и позитивна атмосфера можеа да се забележат меѓу младите  кои на стадионот „Македонски лавови“ во општината Ѓорче Петров уште еднаш ја докажаа заложбата, масовно да се вклучат во спортот  преку игра и забава. Околу 200-тина ученици од основните училишта од општината придружувани од своите одделенски наставници учествуваа во летната забавна фудбалска школа во организација на општината Ѓорче Петров. Фудбалските тимови беа составени од момчиња и девојчиња на возраст од 6 до 11 години.

Во следните неколку дена забавата, дружењето и спортувањето ќе биде доминантно на овој терен. „Задоволство е големо кога на едно место ќе видите огромен број на ученици кои сакаат да спортуваат и да се натпреваруваат, секоја година во се поголем број. Почетокот на оваа учебна година е одлична можност да се започне во знакот на популацијата и унапредување на спортските активности во кои е вклучена најмладата популација од општината“ , истакна Градоначалникот Сокол Митровски.