Подрачјето на Општина Ѓорче Петров е организирано во облици на месна самоуправа. Согласно Законот за локална самоуправа, во градското подрачје тие имаа назив – урбани заедници, а во населените места – месни заедници.
За решавање на прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од подрачјето на Урбаните и Месните заедници, согласно Законите, Статутот и овие Правила, граѓаните во Урбаните и Месните заедници сегрижат за покренување на иницијативи:
– за решавање на прашања од комуналната инфраструктура (снабдување со вода за пиење, одводнување на отпадни води, одржување на хигиената и зеленилото, изградба и одржување на патната мрежа, уредување и одржување на гробиштата во селата)
-за одржување на објекти од јавен интерес (улици, културни и спортски објекти,
водоводи и др.),
-за заштита на животната средина и природата(заштита од загадување на водата, воздухот и почвата, заштита од прекумерна бучава и сл.)
-за покренување на иницијативи за уредување на просторот.
-за организирање на културни, спортски, забавни и други манифестации и
-за други работи од непосредно, секојдневно значење за животот и работата на граѓаните на подрачјето на Урбаните и Месните заедници (јавен превоз на патници,образование,здравство и социјална заштита).
Урбаните и месните заедници вршаат и работи кои ќе им бидат делегирани од страна на Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров
На територија на Општина Ѓорче Петров има организирани 9 Месни заедници.
Координатор на претседатели на Месни и Урбани заедници
г-дин Марјан Стојановски
тел. 071 238 962
1. УЗ Ѓорче Петров –
Претседател: Г-ѓа Милка Спасевска
тел. 071 998 – 847
2. УЗ Даме Груев –
Претседател: Г-дин Душко Спировски
тел. 070 799-799
3. УЗ Дексион –
Претседател: Г-дин. Методија Бебековски
тел. 072 644 – 702
4. МЗ Волково –
Претседател: Г-дин Мире Боцевски
тел. 071 998-847
5. МЗ Кучково –
Претседател: Г-дин Јован Димишковски
тел.078 545-911
6. УЗ Мирче Ацев –
Претседател: Г-дин Љубен Вељановски
тел.078 545-621.
7. МЗ Ново Село –
Претседател: Г-дин Коце Стојановски
тел.078 545-808
8. МЗ Кисела Јабука –
Претседател: Г-дин Љупчо Мишевски
тел. 071 998-841
9. МЗ Орман –
Претседател: Г-дин Воислав Кајевски
тел.078 545-655
10. МЗ Никиштани –
Претседател: Г-дин Беадин Османи
тел.071 998-843
11. УЗ Хром –
Претседател: Г-дин Томе Стојменовски
тел. 078 625-202
12. МЗ Волково-Пржина –
Претседател: Г-дин Љубомир Николиќ
тел. 071 998-846