Улицата „Црногорска 2“ наликува на писта

„Црногорска 2“, улица на која цели 20 години никој ништо не превземал. Деновиве заврши целоснта реконструкција на истата.  Божидар Димовски, староседелец на оваа улица, не го криеше своето задоволство од градежните работи кои во целост им го изменија начинот на живот. „Изгубивме секакава надеж дека некогаш и оваа улица ќе биде асфалтирана. Кога почнаа со работа, пак не верувавме. Наутро ѕиркав низ прозорец да видам дали градежните машини се сеуште тука. Кога ќе ги здогледав ми олеснуваше. Знаев дека нашиот градоначалник и општината, а и градот Скопје нема да отстапат и до крај ќе си ја завршат работата.

Така и бидна. Навистина сме сите задоволни. Има по некој „мумлач“ кој до вчера газел кал сега му фали те ова те она, но над 80% од моите сограѓани се задоволни. И дома на сите ни фали по нешто . Не можеме на сите да им се исполнат желбите. Така е и оваа работа. Секогаш ќе има по некој што ќе негодува. Некои поплаки се без основа.  На пример: зошто не ставија троа асфалт и во мојот двор кај што имам дупки? Од прилика такви се реакциите . Наша работа.

Не гледаме дека направено е нешто што со години го чекаме,туку  гледаме зошто еден квадрат од дворот не ми асфалтирале. Помалку сме неразбирливи ама секогаш било така, така и ќе си остане. Посебно би сакал да напоменам дека асфалтирањето и на краците на улицата е одлична работа. Остана уште малку работа. Некои ивици од улицата не се доасфалтирани но се тампонирани. Ни рекоа дека и тоа ќе се асфалтира. Кога асфалтиираа 1,3 километри зошто да не веруваме дека ќе се завршат и тие делчиња? Патот е сега широк и комотно може да се разминат две возила, истакна Димовски , а комшиите околу него го потврдуваа истото.