Танчерите ги покажаа своите умешности

Викендов во Општина Ѓорче Петров се одржа државен бодовен натпревар во латино американски и стандард танци, во организација на Танцовиот спортски клуб Бранимир и Бранкица од Ѓорче Петров, кој  е член на Танцовата спортска федерација на Македонија, која пак е член на Светската танцова федерација (WDSF). Покрај натпреварувачите од ТСК Бранимир и Бранкица- Скопје, на државниот натпревар учествуваа танчари од  ТСК Динамик-Куманово, ТСК Темпо-Прилеп, ТСК Степ ап-Битола, ТСК Прима Данца-Скопје и ТСК Ритам плус-Скопје.

ТСК Бранимир и Бранкица, кој минатата година прослави деценија од своето постоење, а работи во Ѓорче Петров е најтрофејниот клуб на ова натпреварување со најмногу освоени први места во различни категории. Од овој клуб во категоријата пионери во латиноамерикански и стандардни танци победници се Роко Павиќ и Калина Александар, Виктор Неделковски и Нина Манасиевска се победници во категоријата стандардни танци, постари младинци, повеќе први места по категории солисти и тоа: Матеа Ристова, Калина Александар, Тамара Качаниклиќ, Трена Џепароска и Снежана Смилкова. Победници во модерни танци во повеќе категориисе и  групите: „SNOWFLAKES“, „MISTIQUE BLUE“, „MERMAIDS“, „BUTTERFLIES“, „LADYBUGS“, „UNICORNS“  и „RAGGA B“.Натпреварот беше поддржан и од Општината Ѓорче Петров.