Светски уметнички дела изложени во Центарот за култура „Ѓорче Петров”

Во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров од 18 до 20 септември граѓаните на Ѓорче Петров имаа можност да ја видат мултимедијалната изложба под наслов „Нашето глобално маало”. Истата беше  организирана од „Брашнар Креативен Проект “ – невладино Здружение за современа интердисциплинарна уметност и еколошки развој, во која работат и творат уметници од многу земји ширум светот.

Во рамките на изложбата беа изложени делата на уметници од Романија, Италија, Англија, САД, Канада, Германија, Бразил, Шведска и  други земји, a беше прикажана и видео проекција од кратки видеа на некои од уметниците-учесници. Нивните дела кои се создадени за време на нивниот краток престој во Македонија се  инспирирани  oд луѓето, обичаите и секојдневниот живот.