Свечена приредба по повод 30 години јубилеј на ООУ „Тихомир Милошевски“

По повод патрониот празник на ООУ„Tихомир Милошевски“, денес во Спортската сала „Христо Батанџиев“ се одржа свечена приредба. Пред присутните се обрати директорот на училиштето, Анета Божиновска, која искажа задоволство од постигнатите резултати во тековната учебна година. Оваа учебна година нашите наставници и ученици со резултатите што ги постигнаа на локално, регионално и државно ниво, како и успешно реализираните проектни активности докажаа дека заслужено се наоѓаме меѓу најдобрите училишта во Република Македонија, рече Божиновска.

Свеченоста беше збогатена со пригодна програма што ја подготвија учениците. На настанот пристуствуваше и Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски. Утре (30 Март) во Центарот за култура- Ѓорче Петров со почеток во 12 ч. ќе биде прикажан Театарскиот перформанс во кој ќе учествуваат наши познати актери и ученици од училиштето.