Спортските училишни лиги во Ѓорче Петров – може да започнат

Денес над седумстотини деца од основните училишта  од Општина Ѓорче Петров го означија стартот на натпреварувачката сезона во која учество ќе земат сите шест основни училишта. Училишните екипи во голем фудбал, кошарка, фудбал, одбојка, пинг понг, тенис, атлетика ќе се натпреваруваат во текот на целата учебна година. По тој повод, денес, градоначалникот Сокол Митровски  додели спортски дресови во препознатливи бои и реквизити за сите учесници во лигата кои ќе продефилираат на стадионот „Македонски лавови“. За успешен почеток на  натпреварувачката сезона, градоначалникот Митровски на директорите на основните училишта  им   додели  и комплет спортски реквизити. 

     

Во присуство на голем број на наставници, ученици, спортски работници, директори од основните училишта, претседателот на училишниот спорт во општината, Лука Поповски, му врачи на градоначалникот Сокол Митровски, Плакета за основање и континуирана поддршка на училишниот спорт во општината Ѓорче Петров.

Седма година по ред, Општината ги организира овие спортски игри, и истите придонесуваат за поттикнување на спортскиот дух, како и за надоградување на талентот кај основците. Како што нагласи градоначалникот Митровски  „Општина Ѓорче Петров, вложува во најдобрите спортисти, и истите ги мотивира и понатаму да продолжат професионално да се занимаваат со спорот.”По повод празникот на општината, 20 Септември, ова ќе биде еден од главните спортски настани кои со особена важност се следaт во текот на целата учебна година.