Советот за локална превенција на Општина Ѓорче Петров одржа седница за безбедносната состојба 

Денес, советот за локална превенција на Општината Ѓорче Петров ја одржа својата редовна седница на која се разговараше за Бегаласката криза и евентуалните рефлексии кон општината Ѓорче петров и за преземање на превентивни мерки за заштита од пожари. На состанокот присутни беа преставници од одделението за превенција од градот Скопје и бригадата за противпожарна заштита, регионален центар за управување со кризи, командирот на ПСОН Ѓорче Петров, Горан Однакозов, претседателите на месните и урбани заедници и основните училишта во општината.

Покрај члновите на Советот за локална превенција, свое излагање имаа и експерти од засегнатите области како Проф.Др. Трпе Стојановски кој говореше за бегалската криза во Р. Македонија и за можните негативни рефлексии према општината Ѓорче Петров. Проф. Стојановски истакна дека во соработка со полициските служби не се евидентирани директни врски со општината, односно градот Скопје кои воопшто не се соочија со оваа состојба.

Од надлежните полициски служби истакнаа дека во ООУ „Тихомир Милошевски“ е формиран клуб за превенција каде преку едукативни работилници учениците дискутираат за главни теми од областа на човековите права и правата на децата, насилството, зависностите и сообраќајот. На таквите работилници акцентот е ставен на превентивните активности На работилниците пред сѐ ќе биде ставен акцент на превентивните активности и мерките, и запознавање со законските прописи, кои учениците самите можат да ги преземат, со цел да се спречат негативните појави во локалната заедница. Истиот проект ќе продолжи да се применува и во останатите шест училишта на локално ниво. Во врска со превентивните мерки за заштита од пожари командантот од бригадата за ППЗ изнесе дека годинава во општината Ѓорче Петров евидентирани се 96 пожари од кои 20 проценти од нив причина за настанување се оџаците од куќите. Во општината Ѓорче Петров изготвен е план за превентивни мерки за заштита и спасување од земјотреси, поплави и пожари, а има и планови изготвени од субјекти (училишта, градинки) за ППЗ.  Обучена е и Универзалната единица за ППЗ. Граѓаните на општината Ѓорче Петров се известени преку соопштенија за превенција од пожари во летниот период.