Советот на Општина Ѓорче Петров ја одржа седумдесет и првата Седница

Советот на Општина Ѓорче Петров ја одржа 71-та седница на која советниците донесоа голем број значајни одлуки. На седницата се усвоени следните точки:

1.    Извештај за извршување на Буџет на Општина Ѓорче Петров за II квартал од 2017 година;
2.    Предлог одлука за класификација на објектите за спорт од локално значење во сопственост на Општина Ѓорче Петров ;
3.    Правилник за начинот на користење на објектите за спорт во сопственост на Општина Ѓорче Петров ;
4.    Тарифник со кој се утврдува висината на надоместок на користење на објектите за спорт во сопственост на Општина Ѓорче Петров ;
5.    Предлог- Одлука за доделување финансиски средства на Здружение за спорт и спортска рекреација „Ѓорче Петров КУП“
6.    Предлог- Одлука за доделување финансиски средства на ФК „Волково 1964“    
7.    Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Програма за Урбанистичко планирање „Ф“ за 2017 година. „Ф1“ Потпрограма за Урбанистичко планирање на Општина Ѓорче Петров ;

Предлог- Одлука за отстранување на постоечкиот и изградба на нов објект- детска градинка во УЗ Дексион , Општина Ѓорче Петров.