Советот на Општина Ѓорче Петров го подржува спортот во општината

Фудбалскиот клуб „Македонија Ѓорче Петров “  ќе добие 490.000 денари како поддршка од Општината Ѓорче Петров за покривање на трошоците за котизација за натпреварување во Втората фудбалска лига. Претседателот Гоце Петрески  на 67-та седница, ова прашање го стави како прва точка од дневниот ред која беше едногласно донесена од членовите на советот на општината.

Инвестирањето во спортот, е приоритет на Локалната самоуправа за која најавуваат дека ќе продолжи и во иднина со несмалено темпо. Овој потег на општината Ѓорче Петров треба да претставува иницијатива за поддршка и развој на спортот во нашата Општина. На денешната седница советниците едногласно ја усвоија Предлог- Одлуката за ко-финансирање на проектот „Запознајте ги убавините на руралниот туризам во Скопскиот Регион“, а на дневен ред се најдоа и „Советнички прашања“  на кои одговараа Претседателот Петрески и Градоначалникот ,Сокол Митровски.