Соопштение по повод 1-ви Мај

Почитувани,

Понеделник , 1-ви Мај во селото Кучково по 12 пат ќе се одржи големиот општонароден собир  „Ден на крстот“. По тој повод предвидена е богата спортска и културна програма. За сите посетители Општината Ѓорче Петров обезбеди бесплатен оброк –  Војничко гравче. Манифестацијата ќе започне во 11 часот со литургијата на архиепископот охридско македонски г.г. Стефан. За убавото расположение ќе се погрижат Влатко Лозаноски, Магдалена Цветковска-Ена и групата Академци.