Соната по деветти пат во Ѓорче Петров

Во Центарот за култура во општината Ѓорче Петров по деветти пат прозвуче новото издание на детскиот фестивал Соната. „Виновникот“ за релизацијата на овој проект на општината е професорот по музичко  Александар Китевски од ООУ „ Страшо Пинџур, кој се јавува како композитор и аранжер на овој фестивал. „Подготовките за секое издание на фестивалот вообичаено траат околу седум месеци при што се одржуваат по неколку проби неделно. Фестивалот обрнува посебно внимание на изборот на децата кои треба да пеат, се внимава текстот на песната да биде соодветен на детето кое ја изведува истата” истакна наставничката по македонски јазик, Розета Тулевска која се јавува како текстописец на овие 12 испеани песнички на младите.

„Овој фестивал е единствен во Македонија, а можеби и пошироко, кој го организира основно училиште, а вклучува таленти од целата Општина„ истакна  проф. Китевски. „Зоолошка градина„ „Русинка„ „Фудбалер”, „Златна рипка”  и многу други песнички се пеат на роденденските забави, во училиштата, во предучилишните установи и секаде кадешто децата растат заедно и се дружат. Музиката и темите од песните можеби се однесуваат на децата и нивното секојдневие, но убедени сме дека пораките што ги испратија преку песните ќе допрат и до возрасните.