Со продажен хепенинг одбележан денот на екологијата

Со голем продажен еко хепенинг во дворот на ООУ „Мирче Ацев “ децата го одбележаа денот на екологијата и на тој начин испратија порака за подигање на свеста за поздрава животна средина. Учениците рачно изработија креативни предмети од рециклиран материјал  кои беа изложени на импровизирани штандови во училишниот двор  а средствата од продажбата на истите ќе бидат наменети за хортикултурно уредување на дворот на училиштето.

По повод денот на пролетта, 21 Март беа организирани акции за чистење и уредување на училишниот двор и садење на садници, се одржа ликовен и литературен конкурс на тема: „Засади дрво, засади цвет, за поздрав и поубав свет“, а беше одржана и  приредба преку разглас и читање на најуспешните литературно творби од училишниот конкурс. Директорот на училиштето, Гоце Боцевски истакна деца децата од мали нозе го прифаќаат овој начин на размислување и живеење за здрава еколошка средина. Ова посебно не радува нас возрасните кои со задоволство учествувавме во продажниот хепенинг и помогнавме децата да го реализираат она што го замислиле по повод денот на екологијата.