Санација на спортската сала во ООУ „Тихимир Милошевски“

Во ООУ „Тихомир Милошевски“  – Ново село, од општината Ѓорче Петров деновиве се врши поправка на спортската сала „Христо Батанџиев“ и помошните простории. Интензивно се изведуваат работни активности како лакирање на паркетот во спортската сала, поставување на нови седишта на трибините, а се бојадисуваат и ѕидовите во спортската сала и помошните простории. Влезните врати од спортската сала ќе бидат заменети со нови. Инвестицијата е обезбедена од општинскиот буџет и ќе чини над 700.000 денари.

Во училиштето се бојадисуваат ходниците и училните простории а се санираат и санитарните чворови  за успешен почеток на новата учебна година. „По извршените поправки во спортската сала истата ќе биде темелно исчистена и ставена во употреба со почетокот на новата учебна година. Со превземените работни активности значително ќе се подобрат условите за сите корисници на училишната спортска сала истакна директорката на училиштето, Анета Божиновска.