Реконструирано детското игралиште во с.Никиштане

Општина Ѓорче Петров ја заврши реконструкцијата на детското игралиште во село Никиштане. Извршено е бојадисување на елементите на игралиштето,  а се она што е дотраено, беше заменето. Со реконструкцијата е опфатена и оградата на игралиштето. Онаму каде што има потреба, интензивно ќе работиме на реконструкција на детските игралишта.  За нас, од големо значење е децата да имаат свое катче каде ќе го поминуваат слободното време и ќе се забавуваат.