Поставена атмосферска канализација на улицата „Анастас Коцарев“ во Ѓорче

Општината Ѓорче Петров ги заврши градежните работи на поставување на цевки со обем  ф315,  за новата атмосферска канализација на улицата Анастас Коцарев во населбата „ Дексион“ . Воедно ќе бидат поставени и 6 шахти.  На споменатата улица ќе се постави и нов асфалтен слој со што во иднина ќе биде видно подобрено одвивањето на сообраќајот но ќе се надминат и проблемите на кои често наидуваа граѓаните  со честото поплавување на истата после врнежи на дожд и топење на снегот. Овој зафат ќе чини 5,7 милиони денари а работите ги изведува АД „ Карпош“ Скопје.