Поделени пакетчињата за првооделенците од Ѓорче Петров

Околу 450 пакетчиња за првооделенците во основните училишта на територија на општина Ѓорче Петров, во пресрет на новогодишните празници, денеска подели градоначалникот Александар Наумоски.

Пакетчињата за најмладите беа обезбедени со одлука на Наумоски за пренамена на средства за дочек на новата 2018 година.

Во училиштата градоначалникот беше пречекан со точки во изведба на првооделенците. Тие го поздравија градоначалникот со желба за среќна Нова година и божикни празници, а Наумоски им посака да бидат пред се, здрави и насмеани, и им порача да ги слушаат родителите и да му се посветат на училиштето.