Пакети со храна и облека за Венера и нејзиното бебе

Претставници од општина Ѓорче Петров во кумановското село Табановце ја посетија Венера,каде таа е привремено сместена. Неодамна, дел од нејзиниот стан во Ѓорче Петров беше зафатен од пожар, при што нејзината мајка почина. И дониравме храна и облека за неа и нејзиното бебе, односно се она што таа побара од нас и што и е неопходно во овој момент. Средствата за донација беа собрани од неодамнешната хуманитарна забава која ја организираше општината. Ден претходно, го посетивме опожарениот стан во Ѓорче Петров. Потребни се итна санација, реконструкција и опремување. Општината се понуди да помогне од повеќе аспекти. Ги повикуваме сите правни субјекти, но и физички лица од општината, и општо, да излезат во пресрет за помош на ова семејство.