Отворени новите простории на објектот „Детелинка“ во општината Ѓорче Петров

Министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на општината Ѓорче Петров ги посетија новите простории на објектот „Детелинка“ кој е дел од ЈОУДГ „Росица“  на Општина Ѓорче Петров.  Изградениот дел на објектот „Детелинка“  располага со една занимална , ходник опремен со гардеробери за деца, санитарна просторија за деца опремена со четири мијалници и две тоалетни шолји.

Во новата занимална ќе бидат згрижени 30 деца, а објектот „Детелинка“ ќе функционира со 10 групи со капацитет за 205 деца на возраст од 2-3 години, со што објектот за деца со извршената промена, според развиеноста ќе биде со среден капацитет. Градежните работи на новиот дел се реализирани со финансиски средства од страна на општина Ѓорче Петров, а опремувањето е од страна на ЈОУДГ „Росица“ – Ѓорче Петров. Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Митровски за годинава најави изградба на уште еден објект за згрижување на деца во с. Волково.