Отпочна Летната школа по англиски јазик во Ѓорче

Општината Ѓорче Петров и невладината „Kорени“ од 27 до 30 јуни 2017 година ги организираат „Деновите за англиски камп“ во ООУ„ Тихомир Милошевски . Ваков вид на дополнителен наставен процес (камп), за прв пат се одржува во општината, а во него учество ќе земат повеќе од 60 ученици од сите основни училишта во Ѓорче Петров кој во овие 4 дена од 09 до 12 часот, на интересен начин ќе го надградуваат своето знаење на англискиот јазик.

За едукативниот дел ќе се погрижат наставниците по англиски јазик и членови, активисти во Невладината „Корени“ по потекло од Соединетите Американски Држави кои се исто така по вокација наставници, а кои образование завршиле на некои од американските колеџи но живеат и работат во Македонија.

Целта на капмот е да ги охрабри децата да работат заедно, да ги откријат своите вредности и капацитети преку тимска работа и на динамичен начин кој го преферираат едукаторите. Воедно овој проект ќе им овозможи на младите ѓорчепетровци подобро да го озознаат англискиот јазик низ интерактивна програма која како таква дава одлични резулати во кампови кои се одржуваа и до сега во организација на „Корени“ во нашата земја но и вон границите на Македонија.

Рашел Нил, директорката на „ Корени“ е сигурна во можностите на кандидатите но воедно изјави дека за овие 4 дена , колку што ќе трае кампот, овие деца ќе имаат можност уште подобро да го совладаат и користат во комуникацијата англискиот јазик како еден од најговорените светски јазици.  Интересно беше да се види „Вестерн “ катчето кое го подготвија едукаторите во спортската сала каде што и званично се одржа свеченото отварање на кампот. Присутните ги поздравија директорката на ООУ „Тихомир Милошевски“ Анита Божиновска, а од име на градоначалникот Митровски присутните ги поздрави Бошко Стојанов.