Основните училишта и градинката во Ѓорче Петров подготвени за новата учебна година

Денес, 23.08.2017 година, во просториите на Општина Ѓорче Петров, се одржа состанок на градоначалникот Митровски и општинската администрација со директорите на основните училишта и градинката „Росица”. На состанокот се разговараше за подготвеноста на основните училишта и гардинката за почетокот на новата учебна година 2017/2018.

Директорите го информираа градоначалникот за успешно извршените санации, реконструкции и тековното одржување на училишните објекти, за распределбата на часови во одделенска и предметна настава, за бројот на ученици запишани во прво одделение како и видовите настава во основните училишта и ја потврдија подготвеноста на основните училишта и градинката за почетокот на учебната година. Во новата учебна 2017/2018 година досега се запишани 409 првачиња. Градоначалникот им посака успешен почеток на учебната година нагласувајќи го значењето на совесно, посветено и креативно исполнување на своите обврски како услов за успешно работење.