Општина Ѓорче Петров на четиридневна обука за родово одговорни политики и буџети

Претставници од Општината Ѓорче Петров,  учествуваат на четиридневна обука за родово одговорни политики во организација на „UN WOMAN “ која се одржи во Охрид. Родовата обука беше изведена од страна на родовите инструктори Неда Малевска и Марија Ристевска. Учесниците имаа можност да се запознаат со методите и алатките за партиципативен пристап на учење за родова рамноправност и воведување на родот во главните текови и во креирање на локални политики, како и пристапот на партиципативно учење при воведување на родот во локалното буџетирање.

Прикажани беа и практични вежби од страна на обучувачите за осмислување на програма за обука и нацрт на сесијата како и работа во групи според модули на обуката. Целта на обуката е да оспособи локалната самоуправа за обучување во областа на родово одговорни политики и буџети.