ООУ „Тихомир Милошевски“ пред доградба

Недоволниот број училници  во ООУ „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров , претставува голем проблем за нормално одвивање на наставата. која до неодамна се одвиваше и во три смени. Со изработка на новиот план за доградба и надградба на училиштето кој деновиве Министерството за образование и наука го достави до општинскиот сектор за урбанизам на разгледување, се предвидени да се изградат уште шест училиници, училишна трпезарија и други помошни простории.

„Со реализација на овој проект, кој  се очекува да започне со реализира во теков на годинава, несомнено ќе бидат подобрени условите за редовна и дополнителна настава, слободни и вон наставни ученички активности и дневен престој во ова училиште кое се наоѓа во с. Ново село, руралниот дел од општината каде што во последно време има голема миграција на население и населбата е скоро дупло поголема од пред 15 –тина години. Во ова училиште сега учат повеќе од 530 ученици. Со изградбата на дополните 6 училници ќе се овозможи и кабинетска настава“, изјави директорката Анета Божиновска. Покрај новите училници и дополнителни простории ќе биде заменет и дел од ентериерот во училиштето.