ООУ „Тихомир Милошевски” одбележува 30 години Јубилеј

По повод патронатот ООУ„Тихомир Милошевски“, организираше литературно читање на тема „Квалитетно знаење –пат кон иднината’’ и ликовна колонија. На предвидените настани учествуваа и ученици од сите општински основни училишта, дечиња од градинката ‘’Росица’’ и гости- ученици од ДСУ „Кочо Рацин“. Сите учесници на двата настани кои се одржаа на 27 и 28 март 2017 година добија пофалници и благодарници за учеството.

Во рамките на одбележување на триесетгодишнината од своето постоење, училиштето подготвува и свечена промоција на театарскиот перформанс „Генералот со почит за генералот“ посветена на својот патрон Тихомир Милошевски. Имено, ова е единственото училиште во Република Македонија кое го носи името на нашиот народен херој од Втората светска војна. Театарскиот перформанс на  кој ќе учествуваат наши познати актери и ученици од училиштето, ќе се одржи на 30 март (четврток) во Центарот за култура „ Ѓорче Петров“ со почеток во 12 часот.