О.О.У. „Мирче Ацев“ шампион во општинската одбојкарска лига за девојчиња

Прекрасната навивачка атмосфера во уште понеизвесното финале  во одбојка за девојки од 7 одделение и помали придонесе за громогласнен  аплауз од бројната публика која ги следеше финалните натпревари во рамки на училишната лига во Ѓорче Петров. Неизвесната борба за титулата  на екипите од О.О.У. „Мирче Ацев“ и О.О.У. „Страшо Пинџур“ како најсериозни конкуренти во текот на целата натпреварувачка сезона приодонесе до прекрасна славеничка атмосфера на девојките од победничкиот тим. Најдобрите три екипи годинава заслужено ги добија своите медали, а на  најдобриот му беше доделен пехарот. Девојките од О.О.У. „Тихомир Милошевски“ се закитија со бронзен  медал кои заслужено и борбено дојдоа до третото место. Им посакуваме и во иднина да постигнуваат одлични резултати.