ООУ „Димитар Беровски“ вицешампионки во ракомет

Вицешампионите од ООУ „Димитар Беровски“  предводени од  тренерот, Зоран Наков денес беа примени од првиот човек на Oпштината Ѓорче Петров, Сокол Митровски кој се заблагодари за одличниот пласман на екипата и успешната презентација на општината на државниот натпревар во ракомет на кој го освоија второто место.

Финалните натпревари од државното првенство во ракомет за основни училишта се одржа во Македонска Kаменица во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија . Во финалето противник на училиштето „Димитар Беровски“ беше екипата на ООУ „Кирил и Методиј“ од Битола. За најдобар играч на првенството беше избран репрезентативниот голман Јована Трајкоска која настапува во редовите на РК Вардар од Скопје. Ракометарките велат дека нивните можности се без ограничувања, стартуваат со еден спорт , продолжуваат во друг но најмногу се радуваат со ракометот и желбата да станат успешни ракометарки. Истите првотимки од училиштето Димитар Беровски имаат освоено и второ место во мал фудбал на ниво на Град Скопје.

Лидерските способности и талентираноста како што истакнаа ракометарките ја стекнале од Р.К „Ѓорче Петров“  чиј тренер е познатиот стручњак Владимир Радиќ. Најдобриот играч на првенството , Јована Трајкоска и капитенот на екипата Стефанија Ѓорѓиевска кои веќе 7 години ги бранат боите на македонскиот ракомет добија бесплатно летување во Охрид , обезбедено од Федерацијата на училишен спорт на Македонија. Градоначалникот Митровски им честиташе за освоеното солидно второ место на избраничките на тренерот  Наков и истакна дека ваквата зрела екипа може да се натпреварува и во меѓународни натпревари со збратимените општини . Воедно истакна дека преку сојузот на училишен спорт  во училишниот спорт кој ги следи насоките од интернационалната федерација за училишен спорт, во општината Ѓорче Петров опфатени се околу 70 проценти од учениците преку училишните лиги за V , VII I IX одделение. Општината Ѓорче Петров го обезбеди превозот до Македонска каменица ,а секоја од ракометарките доби и комплет спортска опрема .