Одржана противпожарна вежба во ООУ „Димитар Беровски“ во општината Ѓорче Петров

Во ОOУ „Димитар Беровски“ во општината Ѓорче Петров се изврши пробната евакуација при елементарна непогода – пожар. Наставниците и учениците беа запознаени со процедурата за евакуација и насоките за излез од училишната зграда. Евакуацијата започна со три последователни ѕвонења на училишното ѕвоно.

Учениците во координација со наставниците за една минута ги напуштија училишните згради. Во акцијата учестуваа 610 ученици, наставници, технички персонал, стручната служба во координација и присуство на директорката на училиштето, Јасмина Костадиновска. Наставничката Вера Трајковска демонстрираше гаснење на пожар со противпожарен апарат.