Одбележан „Денот на дрвото“ во општината Ѓорче Петров

Под мотото „ За зелено Ѓорче-засади ја својата иднина “  денес , Градоначалникот Сокол Митровски заедно со вработените од општината по улицата „Партизански одреди“ засадија  над  50 садници платан (platanus acerifolija).

Во акцијата учество зедоа и вработените од бензиската пумпа „Лукоил “ –Ѓорче Петров, невладини организации , пензионери,  граѓани , а остатокот од дрвцата беа поделени во Домови за стари лица, стопански објекти,  како и по месните и урбани заедници.

 

Во разубавување и разеленување на зелената површина учествуваа сите ученици  до деветолетка од основните училишта во општината кои садеа во училишните дворови, а најмладите во градинките.

„Колку оваа акција ќе биде успешна зависи од нас самите. Ако ги чуваме и правилно ги одгледуваме новите садници истите за некоја година ќе не „ наградат“ со почист воздух, поздрава и поубава околина за живеење. Затоа апелирам до своите сограѓани заедно да ги чуваме младите дрвца и да не дозволиме никакви вандалски однесувања затоа што чувај ќи ги дрвцата ќе добиеме непроценливо богатство кое во иднина за нашите деца ќе значи и поубав свет. “. истакна градоначалникот Митровски пред почетокот на акцијата.

Оваа акција ќе трае во текот на целиот месец и ќе бидат опфатени и делови од руралниот дел на општината кадешто веќе се подготвени дупки за садење на нови дрвца. Ќе бидат засадени над 85 .343 дрвца  од видот : аризонски чемпрес, туја , јасен, бел бор, багрем, бреза.