Новогодишни подароци за лицата со пречки во развојот во центарот „Порака“- Волково

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол  Митровски традиционално ги посети штитениците во Центарот за лица со пречки во развојот во населбата Волково. За нив беа обезбедени 45 новогодишни подароци кои искрено ги израдуваа 45 штитеници на овој центар кој успешно го раководи НВО„ Порака“ од Неготино. Овој центар доби сосема нов лик.

Преуредени и реновирани се сите простории од стариот објект , а за потребите на штитениците изградена е и нова зграда со вкупна корисна површина од 240 м2. На приземјето е занималната и три помошни простории, а 120-те м2 на спратот служат за престој и одмор на штитеницит. Исто така изведена е и нова камена ограда во должина од 150 метри и височина од 1,4 метри. Претставниците од НВО „ Порака“ и штитениците на градоначалникот Митровски му подарија платнена торбичка на која штитениците извезале интересни пејсажи и прекрасна витраж слика исто така изработена од самите штитеници.