Новогодишни пакетчиња за децата на бранителите

Денес,  Градоначалникот на општината Ѓорче Петров ги прими семејствата на загинатите бранители од 2001 година по повод новогодишните празници и на секое семејство им подели новогодишни подароци. Со овој скромен гест општината настојува да им ги разубави празниците на најмладите . Семејствата на бранителите често се почесни гости на градоначалникот Митровски  и се уважени посетители на  сите културни манифестации кои ги организира општинската администрација.

Градоначалникот Митровски уште еднаш истакна дека општината Ѓорче Петров никогаш нема да ги заборави Бранко, Томе , Ивица, Раде Ацо и сите останати кои дадоа она најскапоценото-животот за слобода на татковината. Им посакуваме новата 2017 година да им биде исполнета со многу здравје, среќа и радосни детски денови на сите дечиња од големото семејство на загинатите бранители од 2001 година.