Наградени совесните граѓани на општината Ѓорче Петров

Општината Ѓорче Петров во соработка со компанијата „ Елколект“ ја спроведува акцијата  „Рециклираме и се наградуваме“  за подигање на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на електронски отпад. Едномесечната наградна игра на „Елколект“ која започна на 28 –ми Ноември 2016 година,   а заврши токму во празничниот период во времети за дарувањеги доби тројцата  најсреќни добитници на правосмукалка, телевизор и лаптоп. На 26.12.2016 (понеделник), во просториите на општина Ѓорче Петров беа извлечени добитниците на наградите од наградната игра „ Рециклираме и се наградуваме” ,а извлекувањето беше под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од Елколект.

Во општината Ѓорче Петров,екомагацините на Елколект  беа  поставени во дворот на општината Ѓорче Петров и кај забавното игралиште пред мостот кон Волково ,а граѓаните кои учествуваа во наградната игра добија купоин за учество во истата. Граѓаните масовно ја подржаа акцијата на Елколект имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво да се фрла овој тип на отпад во контејнери, на исто место  со комуналниот отпад.

Градоначалникот Митровски ја поздрави иницијативата на колективниот постапувач „Елколект“  за наградување на совесните граѓани и им се заблагодари на граѓаните  за учеството во селекцијата на овој тип на отпад . Тој истакна дека граѓаните се креатори на општината во која живеат и нивното учество во оваа акција на Елколект докажува дека свеста за потреба од еколошки чиста општина е на се повисоко ниво.