Младите каратисти од Ѓорче Петров се закитија со медали

Во спортската сала „Христо Батанџиев“ во општината Ѓорче Петров , во организација на општинскиот сојуз на училишен спорт Ѓорче Петров во соработка со КК „ Ѓорче Петров“, се  одржа турнир во карате. На натпреварувањата учествуваа над 70 каратисти од сите основни училишта во општината. Првото место на натпреварот го освои екипата на ОУ „Тихомир Милошевски“, сребрениот медал и припадна на екипата од ОУ „Јоаким Крчоски“, а пак третото место го освоија каратистите од ОУ „Страшо Пинџур“.

Не изостанаа ниту медалите за најуспешните поединци Андреј Атанасов од ОУ „Тихомир Милошевски“ и Емилија Прешевска од ОУ „Јоаким Крчоски“. Секојдневната ангажираност и посветеност на младите вродува со плод. Нивната борбеност и упорност на овој турнир не помина незабележано, а општината Ѓорче Петров ќе продолжи и понатаму да вложува и во овој спорт.