Меморијален турнир во мал фудбал „Дарко Брњарчевски“

Општина Ѓорче Петров деновиве работи на расчистување на теренот околу спортското игралиште „Бранители “ во с. Волково по повод меморијалниот фудбалски турнир  „Дарко Брњарчевски“ кој ќе започне во сабота на 24 јуни.        Се работеше на отстранување на зараснатите тревни површини, кастрење на гранки кои ја намалуваа прегледноста на главната улица од сред село се патот кој води до игралиштето, а веќе се поставуваат и нови трибини за љубителите на малиот фудбал.

На турнирот посветен на младиот фудбалер Дарко Брњарчевски кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа ќе настапат 24 екипи. Главен покровител на настанот е општината Ѓорче Петров  која ги поддржува спортските манифестации од овој вид. За таа пригода општината ќе додели соодветни награди  и признанија на најдобрите, а посебно внимание ќе обрне на организациониот одбор кои ќе бидат облечени во препознатлив спортски дрес-код.