Локален Економски Развој

Овој сектор официјално  започна да функционира од 01.07.2005 год, согласно започнувањето на процесот за децентрализација и превземање  надлежности од централно ниво. Во секторот за локален економски развој (понатаму ЛЕР) при Општина Ѓорче Петров работат тројца вработени кои, согласно законската одредба за овој сектор, ги вршат следните должности:

• Информативо-документациони и аналитички работи;
• Стручно-оперативни  работи во врска со ЛЕР;
• Ги следат стопански активности на субјекти од подрачјето на Општината;
• Иницираат, организираат и координираат активности за имплементација на стратегија за ЛЕР, како и План за интегрален развој на Општината;
• Предлагаат мерки и средства за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија и претприемништво во Општината;
• Предлагаат стратегии за сратешко партнерство со странски фирми и привлекуввање  стратешки инвеститори;
• Соработуваат со странски донатори и фондации во реализација на проекти за ЛЕР;
• Превземаат оперативни активности за спроведување акти на  Советот и Градоначалникот за подобрување бизнисот и претприемништво, како и намалување на невработеноста;
• Подготвуваат анализи, извештаи и податоци, потоа подготвуваат програми, проекти и апликации за проекти од областа на ЛЕР;
• Поставуваат и одржуваат локални мрежни инсталации и се грижат за нивно исправно функционирање, тековно одржување и дополнување постојани бази на податоци;
•  Изработка на општинска ЊЕБ-страна;
• Планираат стратегија за развој на селски туризам на  локално ниво; 
• Соработка со локални невладини организации;
• Поддршка на активности на Канцеларијата за ромски прашања при Општината Ѓорче Петров;

Основна цел во планскиот концепт на Секторот за локален економски развој е да го  поттикнува развојот нови бизниси на територијата на Општината преку постојана анализа и промовирање стопански структури, комунална инфраструктура, природни ресурси и расположива работна сила. Со овој процес, настојуваме да воспоставиме  динамична култура на претприемништво во клима  поволна за бизнис и што ќе резултира со подобрен квалитет на живот за сите во заедницата. Токму на овие атрибути Општината Ѓорче Петров го гради ЛЕР со цел да ја дефинира својата мисија, приоритетите и стратегијата за развој со еден структуриран пристап, со што најефективно ќе се користат локалните ресурси.