Извлечени добитниците на наградната игра „Рециклираме и се наградуваме”

На 26.12.2016 (понеделник), во просториите на општина Ѓорче Петров беа извлечени добитниците на наградите од наградната игра „ Рециклираме и се наградуваме”.

Извлекувањето беше под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од Елколект. 

Градоначалникот на Општината, Сокол Митровски им се заблагодари на граѓаните  за учеството во селекцијата на овој тип на отпад  и ја поздрави иницијативата на Елколект за наградување на совесните граѓани. Тој истакна дека граѓаните се креатори на општината во која живеат и нивното учество во оваа акција на Елколект докажува дека свеста за потреба од еколошки чиста општина е на се повисоко ниво.

Учесниците кои не присуствуваа на извлекувањата, а нивниот купон со реден број е во резултатите од извлекувањето,  имаат можност заклучно со 31ви јануари да се јават во општина Ѓорче Петров и да си ја подигнат наградата. Подигањето на наградите се врши со другиот дел од купонот – како доказ и со документ за  лична идентификација. 

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ВИД НАГРАДА ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ПРАВОСМУКАЛКА – 007395

ТЕЛЕВИЗОР – 005258

ЛАП ТОП – 006272